Дваесет и осумгодишниот Брентон Терант, кој во напад на две џамии во градот Крајстчрч на Нов Зеланд уби најмалку 49 лица на „Фејсбук“ во живо го емитувал почетокот на нападот. Терант имал и Твитер налог, кој сега е отстранет, каде што објавил фотографии од своето оружје и линк до манифестот.
Наводно Терант напишал антиимигрантски манифест на 73 страници, во кој објаснил кој е тој и причините за неговите постапки, пишува британски „Телеграф“.
Напишал дека има 28 години и е роден во Австралија, а по потекло од Шкотска, Ирска и од Англија. На Нов Зеланд се преселил за да го испланира и спроведе терористичкиот напад.
Читав текстови од Дилан Руф и многу други, но во суштина ме инспирира само Брејвик, пишува тој.
Во манифестот го навел и слоганот „14 збора“, што го користат приврзаниците на доминицијата на белата раса, и рекол дека мигрантите кои немаат бела боја на кожата се натрапници и напаѓачи. Навел и дека на неговиот светоглед најголемо влијание имал британскиот политичар Освалд Мозли, основач на Британската унија на фашистите (British Union of Fascists – BUF), кој се залагал за употреба на насилство за спроведување на идеите на расистичкиот национализам.
„14 збора“
од Дејвид Лејн, основач на терористичката организација Поредок (The order)
Слоган што на англиски јазик се состои од четиринаесет збора: We must secure the existence of our people and a future for white children („Мора да обезбедиме постоење на нашиот народ и иднина за белите деца“).
Се однесува и на слоганот Because the beauty of the White Aryan woman must not perish from the earth („Убавината на белата ариевска жена не смее да исчезне од Земјата“).
Во манифестот Брентон Терант споменува дека доаѓа од работничко семејство со пониски приходи и одлучил да направи нешто конкретно за да ја обезбеди иднината на своите луѓе, пренесуваат австралиски медиуми.
Тој исто така ја објаснил и причината за овој терористички чин. Имено, како што вели, сакал да им покаже на освојувачите дека нашите земји никогаш нема да бидат нивни.
Нашата татковина е наша и сè додека белиот човек оди по Земјата, тие никогаш нема да ги освојат нашите земји и никогаш нема да го заменат нашиот народ, пишува Терант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.