Најмалку седум луѓе загинаа, а поголем број се повредени во терористички напад во центарот на Виена.

Според весникот „Кронен цајтунг“, нападот се случил пред Синангогата во близина на Шведенплац, а го извршил напаѓач кој се разнел активирајќи појас со експлозив, но можно е и неколку други сторители да се во бегство.

Истовремено во центарот на гардот имало и истрели до автоматско оружје.

Австриската полиција ја потврди информацијата за пукањето во центарот на Виена во близина на синагогата и објави дека има многу повредени и жртви.

Имаше пукање во центарот на градот. Ги ангажиравме сите расположиви сили. Ве молиме избегнувајте ги сите јавни места – се наведува во соопштението на полицијата на Твитер.

Полицијата ја блокира целата област околу синагогата и почна потера со сите расположиви сили.

Внатрешната безбедност на еврејската верска заедница во Австрија апелираше до сите еврејски граѓани да не ги напуштаат своите станови или куќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.