Британската премиерка Тереза Меј најави дека ќе поднесе оставка пред следната фаза на преговори за Брегзит.

Тереза Меј им вети на пратениците дека ќе се повлече ако го поддржат договорот за повлекување од ЕУ.”Јас сум подготвена да ја напуштам оваа функција порано отколку што планирав, со цел да го направам она што е добро за нашата земја и нашата партија”, рече Меј.

Премиерката изјави дека знаела дека опозициските пратениците не сакале таа да ја води следната фаза од преговорите за Брегзит и затоа ” нема да застане на патот”.

Инакуи,денеска пратениците дебатираа околу осумте предлози за иднината на Брегзит, пред пред да гласаат за следната фаза.Британските пратеници ,ја презедоа контролата врз Долниот дом од владата , кои се обидуваат да најдат мнозинство за следните чекори во процесот на Брегзит .

Мерките за кои се дебатира вклучуваат напуштање без договор, формирање на царинска унија и потврден референдум.Тереза ​​Мај се уште се обидува да ја искористи поддршката за нејзиниот договор, и покрај тоа што два пати не доби поддршка со големо мнозинство на гласовите.

Но, откако Претседателот на Долниот дом , Џон Беркоу, објави за кои осум предлози треба да сед гласа, ги повтори претходните предупредувања дека договорот на премиерката не може да се врати на гласање ако значително не се промени.

Но, портпаролот на Даунинг стрит рече дека имало “значителен развој” на самитот во Брисел минатата недела , кога датумот на излезот на Британија од ЕУ е променет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.