Јуришниот баталјон на силите на Доњецката Народна Република „Сомалија“, тргнал во забрзан марш низ Мариупол до индустрискиот комплекс „Азовстал“, каде што се водат жестоки борби меѓу руските сили и украинскиот националистички баталјон „Азов“.

Како што објавија од ДНР, на нивниот пат низ градот, руските сили се поздравени од жителите на градот.

Токму сега, во „Азовстал“, продолжува чистењето на металуршкиот погон од милитантите на нацистичкиот полк „Азов“ и војската на вооружените сили на Украина – соопштија од силите на ДНР

Како што се наведува во соопштението, јуришниот баталјон „Сомалија“ го командува херојот на ДНР, командантот на баталјонот со воено име „Гиви“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.