Телохранителот на Емануел Макрон, претседателот на Франција кој тепаше демонстранти е во притвор На Александер Беналу му е одреден притвор во рамки на истрагата за тоа дека користел дипломатски пасоши и откако беше обвинет за тоа што тепаше демонстранти.
Париското обвинителство започна прелиминарна истрага во врска со дипломатските пасоши за кои Беналу вели дека ги вратил откако бил обвинет, но дека повторно ги добил во октомври минатата година преку персоналот на претседателот, објави агенцијата „Ројтерс“.
„Монд“ минатиот месец објави дека Баналу патувал во Чад и Камерун наводно за состаноци на високо ниво, а истражувачкиот сајт „Медиапарт“ соопшти дека во таа прилика тој користел дипломатски пасоши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.