Телохранител случајно испука од пиштолот во владиниот авион со кој патуваше чешкиот премиер Андреј Бабиш на вечера во ЕУ, но никој не е повреден, соопшти полицијата.
– Можеме да потврдиме случаен истрел од пиштол за време на проверка на оружјето во владиниот авион. – изјави портпаролката на Чешката национална полиција, Ленка Сикорова.
Таа додаде дека никој не е повреден.
Портпаролката на Бабиш, Јана Адамкова изјави дека „такво нешто се случило“, но не даде детали.
Чешките медиуми објавија дека телехранителот се обидувал да го испразни пиштолот кратко време откако премиерот Бабиш се качил во авионот и се подготвувал за полетување.
Авионот, во кој имало уште 22 лица, полетал еден час подоцна, а куршумот паднал во количка за храна.
Бабиш моментално се соочува со обвиненија за измама со субвенции од ЕУ.
Во 1994 година, телохранителот на тогашниот чешки министер за одбрана Антонин Баудис случајно испука од пиштолот на лет до Шведска и го погоди резервоарот за гориво. Никој не беше повреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.