Претседателот на Мозамбик, Филипе Њуси изјави дека е можно повеќе од илјада луѓе да го загубиле животот во циклонот „Идаи“.
Иако моментно официјалниот биланс на жртвите изнесува 84, Њуси истакна дека стравува оти ќе има повеќе од илјада загинати.
The scale of #CycloneIdai in Beira, Mozambique, is truly heartbreaking. Initial assessments from @ifrc estimate at least 90% of the area is completely destroyed. Read what IFRC aid workers are witnessing in the area: https://t.co/reDWmHKw2W 🎥 @IFRCAfrica pic.twitter.com/25l3kM2vl3
— American Red Cross (@RedCross) March 18, 2019
Тој нагласи и дека над 100.000 луѓе „се во опасност“ од последиците на циклонот „Идаи“, кој според многумина е најкатастрофален во последните 20 години.
Реките Пунге и Бузи се излеаја од своите корита, исчезнаа цели села, а многу се отсечени од светот, изјави Њуси, додавајќи дека станува збор за катастрофа од огромни размери.
Претседателот со хеликоптер го посетил пристаништниот град Беиру, како и руралните провинции Маника и Софала, кои се уништени од поплавите.
Граѓаните на Беиру за АФП сведочат за ужасите кои се случиле пред нивните очи.
Металниот покрив откорнат од ветрот буквално леташе наоколу и им ги откинуваше главите на луѓето. Беше ужасно. Уште е. Немаме што да јадиме, каде да спиеме, болниците се преполни, рекол Рахињо Паулино, сведок на циклонот.
Циклонот „Идаи“ минатата недела го погоди Беиру, а потоа ги зафати Зимбабве и Малави. Во сите три земји загинаа вкупно 2015 лица, стотици се водат како исчезнати, а над 1,5 милиони луѓе се погодени од последиците на невремето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.