Властите во Тексас одобрија предлог-закон со кој на граѓаните на возраст од 21 година и повеќе им се дозволува да носат пиштоли без дозвола или придружна проверка и обука.
Откако ќе биде потпишан законот, Тексас ќе биде 19. држава во САД што дозволува носење оружје без дозвола. Сегашниот државен закон им дозволува на жителите од 21 година или повеќе да носат пиштол само по завршувањето на потребната обука и проверка на кривична позадина за да добијат дозвола за носење.
Предлог-законот сега се упатува кон бирото на гувернерот Грег Абот за потпишување, што тој посочи дека тоа и ќе го стори.
Тексас веќе има некои од најслабите ограничувања за оружје во САД.
Со предлог-законот ќе се дозволи носењето оружје се додека сопственикот „не е крвичпно гонет или некоја друга законска забрана“, иако не е јасно како ова ќе се утврди без проверки.
Групите за контрола на оружје се спротивставуваат на мерката, посочувајќи ја историјата на масовните пукања во Тексас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.