На социјалните мрежи се појавија морничави снимки од деца од Сирија, кои на себе имаат изгореници и рани, а Курдите тврдат дека тоа е последица на хемиското оружје кое турската војска го користи против нив.
Тие ги обвинуваат Турците дека во офанзивата користат забрането оружје, меѓу другото и хемиско вооружување, објавуваат од британскиот “Дејли мејл“
Курските сили минатата недела ја осудија употребата на “своето оружје“, меѓу кои и бел фосфор во градот Рас ал Аима, недалеку од границата со Турција.
Сиријската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон за “Дејли мејл“ не можела да ја потврди вистинитоста на оваа информација, но навела дека во изминатите два дена во Рас ал Аима пораснал бројот на ранети со изгореници на телото.
Како што додаваат од британскиот весник, во меѓувреме курдските медиуми на социјалните мрежи објавуваат снимки од деца кои се со изгореници по нивните тела и кои се наоѓаат во болница во близина на Рас ал Аима.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.