Маж го фрлил својот деветгодишен син од мост на автопат, по што и самиот скокнал и извршил самоубиство, соопшти денеска германската полиција. Како што се наведува во извештајот на полицијата од Хесен, а пренесува АП, инцидентот се случил вчеравечер, а бил пријавен од страна на возачи.

Мајката на момчето дознала за неговата смрт кога на социјалните мрежи го видела прошталното писмо објавено од нејзиниот поранешен партнер.

Се работи за 36-годишен маж, а мотивите за убиството и самоубиството не се објавени во јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.