Еден британски државјанин и две деца на возраст од 16 и 9 години, се пронајдени мртви во базен во туристичкиот комплекс Коста дел Сол во Шпанија.
Момчето и девојчето се син и ќерка на 53 годишниот маж, утврдила полицијата.
Вчера попладне телефонски е пријавено дека во базенот во местото Михаус во близина на Малага има три тела. Несреќата се случила околу 13 и 30, а до неа дошло кога таткото и синот скокнале да му помогнат на 9 годишното девојче, кое почнало да се дави.
Потоа сите тројца починале во базенот.
Според The Sun, британското семејство било на божикен одмор, а со нив најверојатно се наоѓала и мајката која ја алармирала управата на хотелот за несреќата.
Се испитуваат причините за оваа голема трагедија, а нуркачи го истражувале дното на базенот и пумпите за вода, соопштуваат од владата на Андалузија, пренесуваат агенциите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.