Шефот на политичката канцеларија на талибанското движење и вицепремиер на привремената влада во Авганистан, Mула Абдул Гани Барадар, ги отфрли извештаите за несогласувања меѓу талибанските лидери.

Не сум мртов и нема кавги меѓу водачите на Исламскиот емират на Авганистан. Имаме таква почит меѓу себе што ретко кое семејство може да се пофали со тоа. Ги повикуваме нашите луѓе да не бидат измамени од неточни извештаи во некои медиуми и бараме од новинарите да престанат да шират дезинформации – изјави Барадар, кој моментално се наоѓа во Кандахар

Неколку локални и странски медиуми објавија дека Барадар имал конфликт со Халил ур-Рахман Хакани, министерот за бегалци, околу составот на привремената влада.

Медиумите наведуваат дека Барадар бара инклузивна влада која ќе вклучува претставници на различни етнички и верски групи, како и жени. Барадар не беше дел од талибанската делегација што се состана со вицепремиерот на Катар и министерот за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, на 12 септември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.