Талибанците доцна попладнево влегоа во претседателската палата во Кабул, каде што се очекува мирно предавање на власта.

Талибанските лидери соопштија дека им наложиле на своите борци да се воздржат од насилство и да понудат безбеден премин за секој што сака да го напушти Кабул.

До крајот на процесот на транзиција, одговорноста за безбедноста на Кабул е на авганистанската влада – објави портпаролот на Талибанците на Твитер.

Талибанците потоа објавија дека ќе влезат во главниот град Кабул само за да спречат грабежи.

Авганистанската влада, исто така, објави дека во тек се преговори за да се избегне крвопролевање во Кабул. Претседателот во меѓувреме ја напушти земјата и побара засолниште во Таџикистан.

Талибанците почнаа офанзива во мај, кога американскиот претседател Џо Бајден го потврди заминувањето на последните странски сили од земјата, 20 години по американската воена интервенција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.