Две недели по враќањето на власт во Авганистан, тврдокорните исламистички талибанци ги повикаа сите жени вработени во јавниот здравствен сектор да се вратат на работа.
Министерството за здравство ги упатува женските здравствени работници во главниот град Кабул и провинциите да се вратат на своите работни места – објави на Твитер талибанскиот портпарол Сабиула Муџахид.
Претходно, талибанците се обврзаа дека ќе ги почитуваат правата на жените во рамките на толкувањето на исламот, но останува нејасно како жените и девојчињата ќе поминат под талибанска власт. Во голема мера не е јасно дали жените во Авганистан ќе можат да продолжат да ги извршуваат своите професии. Имаше само конкретни изјави за поддршка на жените во здравствениот и образовниот сектор.
Неодамна имаше извештаи од северот на земјата дека на акушерките, на пример, повеќе не им е дозволено да присуствуваат на состаноци со машки лекари.
За време на владеењето на талибанците од 1996 до 2001 година, на жените не им беше дозволено да ги лекуваат машки лекари, што сериозно го ограничи нивниот пристап до здравствена заштита.
На прес-конференција оваа недела, портпаролот на Талибанците, Сабиула Муџахид, изјави дека жените кои работат треба да останат дома додека не се воспостават нови правила. Тој, сепка, додаде дека нивните плати ќе им бидат исплатени. Притоа, не беше јасно дали зборува само за државни службеници или и за приватни компании. Новинарките кои известуваа од терен, соопштија дека талибанските борци им кажале да си одат дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.