Талибанците назначија нови министри со што го комплетираа формирањето влада. Во новата Влада нема ниту една жена.

Процесот на формирање ново државно раководство во Авганистан почна три недели по преземањето на власта во Авганистан, односно на 7 септември кога талибанците назначија неколку членови на владата.

Министерски позиции добија личности кои се истакнаа во изминатите 20 години во борбата против САД и нивните сојузници.

Новиот премиер Хасан Акунд ја предводеше талибанската влада во последните неколку години од нивното владеење во Авганистан пред американската инвазија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.