По судирите со припадниците на авганистанските безбедносни сили, талибанците го зазеле клучниот кварт Панџваи, некогашно нивно упориште во провинцијата Кандахар.
Округот е центар на талибанците и со текот на годините беше сцена на големи судири со авганистанските безбедносни сили и трупите на НАТО, чие повлекување е во тек.
Откако Вашингтон на 1 мај почна да ги повлекува своите трупи од Авганистан талибанците ја засилија својата офанзива за да ја преземат контролата врз руралните области на земјата.
Тие го окупираа Панџваи два дена по заминувањето на американските и силите на НАТО од базата во Баграм, најголемата во Авганистан, од каде што се спроведуваа операции против талибанците во последните 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.