САД ги повикаа американските граѓани да го напуштат Авганистан со комерцијални летови што е можно поскоро, објавено е на веб -страницата на американската Амбасада во Кабул.

Талибанските борци денеска го зазедоа стратешки важниот авганистански град Газни и сега се на само 150 километри од Кабул.

Амбасадата на САД ги повикува своите граѓани лоцирани во Авганистан веднаш да ја напуштат државата користејќи достапни комерцијални летови. Со оглед на безбедносните услови и намалениот персонал, способноста на американската амбасада во Авганистан да им помогне на своите граѓани е многу ограничена дури и во Кабул – се вели во соопштението на амбасадата.

На 27 април, САД им наредија на службениците да ја напуштат амбасадата во Кабул, доколку можат да ја вршат својата работа на друго место, наведувајќи го како причина зголеменото насилство во градот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.