Талибанците денеска соопштија дека привремено ги суспендираат сите летови на меѓународниот аеродром во Кабул, пренесува агенцијата ТАС.

Талибанските единици пристигале на аеродромот по што испукале неколку истрели како предупредување за луѓето кои се собрале на аеродромот. Претходно беа откажани сите комерцијални летови од аеродромот во Кабул, додека на сите транзитни летови им беше препорачано да ја променат својата рута, прелетувајќи го Авганистан.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.