Талибанците денеска назначија министер за финансии, шеф на разузнавачката служба и вршител на должноста министер за внатрешни работи во Авганистан, објави авганистанската новинска агенција Пајхвок, пренесуваат западни медиуми.

Министер за финансии ќе биде Гул Ага, а Садр Ибрахим ќе биде вршител на должноста министер за внатрешни работи. Наџибулах ќе биде шеф на разузнавачката служба, а Мула Ширин ќе биде гувернер на Кабул



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.