Талибанското Министерство за промоција на доблеста и спречување на пороците побара од авганистанските телевизии да престанат да емитуваат серии во кои учествуваат жени.
Барањето е испратено во рамки на побјавените нови „верски упатства“.
Телевизиите треба да избегнуваат прикажување фељтони и романтични серии со жени – се вели во документот на Министерството до медиумите.
Истовремено, од новинарките се бара да носат „исламски превез“ на телевизија, без да наведат дали станува збор за шамија што жените вообичаено ја носат на авганистанската телевизија или за превез што им го покрива најголемиот дел од лицето.
Ова не се прописи, туку религиозни упатства – изјави портпаролот на министерството Хакиф Мохаџир.
На авганистанските телевизии им е упатен и повик да се воздржат од програми кои „се судираат со исламските и авганистанските вредности“, како и од оние што ја навредуваат религијата или „го прикажуваат пророкот и неговите другари“.
Ова е првпат Министерството да се обиде да воведе правила за авганистанските телевизии откако Талибанците ја презедоа власта во средината на август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.