Неколку лица се убиени во авганистанскиот град Асадабад откако талибанци отвориле оган кон луѓе кои го вееле националното знаме по повод Денот на независноста.

Локални медиуми вчера известија за сличен случај во Џалалабад кога талибанците отвориле оган кон лица со авганистанско знаме, при што три лица загинале, а десетина се повредени.

Очевидецот Мохамед Салим вели дека во денешниот протест некое биле застрелани, а некои загинале во стампедо.

Стотици луѓе излегоа на улиците. Прво бев уплашен и не сакав да одам, но тогаш видов како мој сосед им се придружува и тогаш го зедов знамето од дома и излегов на протест – вели тој.

Денеска во Авганистан се одбележува Денот на независноста од Велика Британија. Но, талибанците денеска ја прославуваат и победата над „арогантната светска сила“ – САД.

За среќа денеска славиме годишнина од независноста од Велика Британија. Истовремено, со нашиот џихадски отпор, натеравме уште една светска сила, САД, да пропадне и да се повлече од светата територија на Авганистан – велат талибанските борци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.