Најмалку две лица загинале, а 10 се повредени кога Талибанците отвориле оган врз демонстранти кои го вееле национално, авганистанско знаме во Џалалабад, петтиот по големина град во Авганистан.
Според локалната новинска агенција „Паџвок Авган њуз“, талибанците отвориле оган кон луѓето кои протестирале и се обиделе да го постават авганистанското знаме на објект на локалната власт.
Според медиумите, талибанците употребиле физичка сила и кон новинарите кои професионално го следеле протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.