Според австриските портали, Кујтим Фејзулаи, 20-годишниот Албанец со македонско државјанство, бил млад талентиран фудбалер, но потоа се нашол во друштво на салафисти и бројни лица осудени за тероризам.
Тој наводно им припаѓал на салафистите со години и ги посетувал сите важни џамии на тоа движење низ Австрија и Унгарија.
Се верува дека тој набавил оружје за нападот во Виена од Словачка, каде што патувал со соучесник во јули. Тие патувале со автомобили кои и припаѓале на мајката на соучесниците, а сите веќе им биле добро познати на властите.
Австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер денеска потврди дека напаѓачот кој синоќа го изврши терористичкиот напад во центарот на Виена потекнува од Македонија. На 25 април минатата година бил осуден на 22 месеци затвор поради обид да отпатува во Сирија за да се приклучи на Исламската држава.
Фејулаи бил ослободен од затвор, условно на 5 декември минатата година, бидејќи, врз основа на неговата возраст, бил опфатен со поблаго законодавство предвидено за помлади престапници.
Нехамер за агенцијата АПА изјави дека терористот имал австриско и македонско државјанство.
Тој бил опремен со лажен појас за бомби, автоматска пушка, пиштол и мачета, оружје со кое го изврши грозоморниот напад врз невини граѓани, нагласи Нехамер.
Тој рече дека биле извршени претреси во околината на напаѓачот, поточно бил извршен претрес во 15 станови и оти се уапсени неколку лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.