Во експлозија во Ливерпул во близина на болница, загинал патник во такси, кој носел импровизирана експлозивна направа. Повреден е таксистот кој е прогласен за херој бидејќи го заклучил сомнителниот патник во возилото.
Надзорните камери го снимиле моментот на експлозијата. На снимката се гледа како такси возило влегува на паркингот на болницата и експлодира во моментот на паркирање.
Како што пишува „Дејли Мејл“, се чини дека таксистот Пери (45) бил заложник на бомбашите, ноуспеал да им даде знак на граѓаните во близина да не се приближуваат кон автомобилот,.
Според неофицијални информации, таксистот всушност го заклучил убиецот во автомобилот по цена на сопствениот живот и на тој начин го спречил да влезе во болницата и да ја активира бомбата.

Граѓаните веруваат дека станува збор за терористички чин, но дека целта всушност била катедралата во Ливерпул, каде што во моментот на нападот имало многу луѓе, но дека поради гужвите во градот, бомбашот го пренасочил таксистот во болницата во која имал намера да приреди крвав пир.
„Би-би-си“ пишува дека за експлозијата се уапсени четворица мажи, но мотивот сѐ уште не е јасен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.