Претседателката на Тајван, Цаи Инг-Вен, во интервју за Си-Ен-Ен, потврди дека мал број американски војници во земјата обучуваат тајвански војници. Со тоа, Цаи потврди дека има присуството на американски сили на островот што Кина го смета за своја територија.

Напнатоста меѓу Тајван и Кина, која не ја отфрла можноста за насилно преземање на контролата на островот, ескалираше во последните неколку недели откако Пекинг го засили воениот и политичкиот притисок.

Имаме широк опсег на соработка со Соединетите Американски Држави за зајакнување на нашите одбранбени способности – изјави Цаи во интервјуто.

На прашањето колку американски војници се распоредени во Тајван, таа одговори дека „нема толку многу колку што мислат луѓето“.

Потврдата доаѓа во момент кога Кина значително го зголеми воениот притисок врз Тајван, вклучително и мисиите на кинеските борбени авиони во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Тајван.

Иако неколку тајвански и меѓународни медиуми претходно објавија за таква обука со американските сили, официјалната потврда може дополнително да ги влоши односите меѓу САД и Кина во време кога Американците спроведува заеднички воени вежби со Тајван.

Прашан за коментарот на претседателката, тајванскиот министер за одбрана Чиу Куо-ченг изјави дека тајванско-американските воени интеракции „биле чести“ и траат долго време.

За време на овие размени, може да се разговара за која било тема – изјави .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.