Снимки од онлајн состанок на СЗО покажале дека таа организација многу тешко добивала потребни информации од Кина на почетокот на пандемијата на новиот коронавирус, што е спротивно со првичните пофалби кои СЗО ги упатуваше за Пекинг.
Снимките, во кои имала увид агенцијата АП, покажуваат како официјални претставници на видео-средба на 6 јануари се жалат дека Пекинг не споделува со светот потребни податоци за проценување на опасноста од вирусот.
Кина на 20 јануари призна дека коронавирусот е заразен, а на 30 јануари СЗО прогласи пандемија.
Работиме со многу малку информации. Тоа не е воопшто доволно за да подготвиме план, истакна Марија Ван Керхове, епидемиолог и технички водител на СЗО во текот на пандемијата на Ковид-19.
Шефот на СЗО во Кина, Гауден Галеа, на една од снимките, истакнува дека од Кина добиваат информации 15 минути пред тие да се објават на ЦЦТВ.
Извештајот се појавува по зголеменото незадоволство на меѓународната заедница поради кинеската реакција на коронавирусот и почетокот на независната истрага за потеклото на вирусот, кој досега зарази над шест милиони луѓе низ светот, а починаа повеќе од 375.000 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.