Од 1 ноември Тајланд ќе ги отвори границите за целосно вакцинираните посетители од најмалку 10 земји, со што тие нема да мора да бидат во карантин по пристигнувањето во земјата.
Премиерот Прајут Чан-о-ча ги наведе Германија, Сингапур, САД и Кина меѓу десетте земји на листата со низок ризик за посети.
Посетителите пред да ги напуштат своите земји треба да направат само еден ПЦР тест за Ковид-19 и втор по пристигнувањето во Тајланд. Потоа ќе може слободно да патуваат во сите делови на земјата – соопшти Чан-о-ча.
Се очекува од 1 декември на списокот на слободни земји за доаѓање на нивни патници да бидат додадени и други држави. Дотогаш Тајланд најверојатно ќе ја укине забраната за послужување алкохол во рестораните, што е во сила со месеци наназад.
Тајландскиот туристички сектор е речиси целосно затворен повеќе од 18 месеци што предизвика комплетна загуба на приходите за голем број луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.