Најмалку десет лица загинаа, а три се водат за исчезнати во поплавите и свлечиштата во источна Јапонија, предизвикани од обилни дождови, јавува јапонската телевизија НХК.

Иако бурата се поместува од Јапонија, стотици жители на тој дел се уште се во центри за евакуација, а некои железнички и автобуски линии се уште не се воспоставени, пренесува Ројтерс.

Некои патишта се затворени поради излевање на реките, а во округот Чиба околу 4700 домови се без вода за пиење.

Премиерот Шинзо Абе повика на максимални напори во акциите за спасување и помош.

Сепак, се уште постои опасност од појава на нови слечишта и поплави во областите каде што попуштиле браните по силниот тајфун Хагибис, кој протатни низ Јапонија пред неколку недели.

само во округот Чиба се излеале 15 реки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.