Шангај и соседните крајбрежни региони ги откажаа летовите, го намалија сообраќајот во метрото и ги затворија фабриките поради доаѓањето на тајфунот Ин-фа во текот на денешниот ден. Затворени се и училштата а на луѓето им е наредено да останат дома.
Тајфунот ја погоди областа Путуо во градот Џушан, големо пристаниште во провинцијата Зехијанг на источниот брег, објави државната телевизија ЦЦТВ, повикувајќи се на кинеската метеоролошка управа.
Невремето ја погоди областа, додека централна Кина се уште се опоравува од рекордните поплави во кои загинаа најмалку 58 лица, се прекина напојувањето со електрична енергија, а повеќе од милион луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Брзината на тајфунот Ин-фа беше до 38 метри во секунда, соопшти метеоролошката управа. Тоа е приближно 137 километри на час.
Се очекува да се движи на север, да го помине Шангај и до вечер да стигне до североисточната провинција Џиангсу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.