Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека земјите мора да дејствуваат брзо доколку сакаат да ја преземат контролата врз спречување на ширење на коронавирусот
„Сè уште сме во фаза каде што е возможно задржување“, рече шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебреизус, но дополни дека: „Нашиот прозорец на можности се стеснува“.
До предупредувањето на СЗО доаѓа во услови на нови извештаи за инфекции низ Блискиот исток и во Јужна Кореја. Тој рече дека ново пријавените случаи во земји како што се Либан и Канада може да значат дека епидемијата, која започна во декември, достигна „точка во која оваа појава може да оди во која било насока“, рече Тедрос.
Болеста предизвикана од коронавирусот веќе уби над 2.200 луѓе, а има околу 75.000 заразени во Кина. Пекинг вчера објави 118 нови смртни случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.