На прес-конференција, Тедрос рече дека варијантата делта, која за прв пат се најде во Индија, продолжува да се развива и мутира и станува доминантен вирус ковид-19 во многу земји, објави АП.
Веќе ги повикав лидерите ширум светот да обезбедат до следната година ова време 70% од светската популација да биде вакцинирана, рече Тедрос, додавајќи дека ова ефективно ќе стави крај на акутната фаза на пандемијата.
Тедрос посочи дека веќе се распределени три милијарди дози од вакцината и дека е во колективна моќ на неколку земји да ја зајакнат и обезбедат дистрибуција на вакцините.
СЗО инаку проценува дека за имунизација на светот се потребни 11 милијарди дози.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.