Директорот на Европската регионална канцеларија на Светска здравствена организација, Ханс Клуге, кој е во посета на Киев, порача дека целосниот карантин во Украина не е најдоброто решение за борба против Ковид-19.

Како што истакна Клуге, ограничувањата се важни, но поважно е нивното почитување.

Владата на Украина претходно најави целосен карантин со цел да го запре ширењето на корона вирусот што ќе биде во сила од 8 до 24 јануари, а исто така ја продолжи и вонредната состојба до 28 февруари.

За време на карантинот ќе бидат затворени училиштата, универзитетите, но не и градинките. Ќе бидат затворени сите пазари, забранети се сите масовни собири, културни настани.

Луѓето ги губат приходите и имаат потреба од макроекономска поддршка. Ако се затворат училиштата децата со попреченост нема да можат да имаат корист од дигиталните технологии. Истото важи и за луѓе со други болести како што се рак, кардиоваскуларни болести, на кои исто така им е потребен третман. Затоа е посоодветно да се користи помек и постепен пристап – нагласи Клуге.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.