Светската здравствена организација (СЗО) оцени дека случајот со разболувањето на еден од учесниците во испитувањето на вакцината против Ковид-19 на компанијата „АстраЗенека“ е „повик за тревога“, но истовремено тоа не треба да ги обесхрабри истражувачите.
Ова е повик за тревога за да препознаеме дека постојат подеми и падови во клиничкиот развој и дека треба да бидеме подготвени. Не треба да се обесхрабруваме. Такви работи се случуваат – порача научничката на СЗО, Сумија Сваминатан, на виртуелен брифинг во Женева.
Светските влади очекуваат вакцината да помогне да се стави крај на пандемијата на Ковид-19, што предизвика повеќе од 900.000 смртни случаи во светот и глобални економски проблеми, а вакцината на „АстраЗенека“ што се развива во соработка со универзитетот Оксфорд СЗО ја окарактеризира како најперспективна.
Сепак, производителот на лекови оваа недела ги прекина тестовите во доцна фаза, откако еден учесник во тестирањето во Велика Британија заболел од невролошки симптоми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.