Светската здравствена организација (СЗО)  соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирус во Европа се зголемил за 10 отсто во изминатата недела, што ја прави единствениот регион во светот каде COVID-19 и смртните случаи се во постојан пораст.

Ова е шеста последователна недела по ред како вирусот се шири низ целиот континент.

Во неделниот извештај за пандемијата, здравствената агенција на ООН соопшти дека има околу 3,1 милиони нови случаи ширум светот, што претставува зголемување од околу еден процент во однос на претходната недела. Речиси две третини од заразените со коронавирус – 1,9 милиони – беа во Европа, каде случаите се зголемија за седум проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.