Ханс Клуж, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа, во четвртокот предупреди дека континентот го доживеал првото зголемување на неделните случаи на Ковид-19 по „долго време“.
Клуж посочи дека 11 европски земји се соочуваат со повторување на појавата на новиот корона вирус, предупредувајќи дека првиот бран на вирусот сè уште е на сила и инсистирајќи на тоа дека Европа мора да се подготви за грипот наесен кој ќе биде придружуван со тековната пандемија.
Во меѓувреме, Европската унија треба да ги отвори своите граници за странците во јули. Сепак, кои региони ќе бидат прогласени за безбедни, допрва треба да бидат соопштени, бидејќи неодамнешен извештај посочува дека на Американците може да им се забрани да влезат на територијата на ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.