Предвременото укинување на мерките за ограничување за движењето, воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, може да предизвика „фатално враќање “ на пандемијата, предупреди директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус.
Знам дека некои земји веќе се подготвуваат за излегување од изолацијата. СЗО, како и сите, сакае да се укинат ограничувањата. Но, предвременото укинување на ограничувањата може да предизвикаат фатално враќање на пандемијата, рече тој.
Враќањето на пандемијата, додаде тој, може да биде, исто така, смртоносно колку и неговото ширење, доколку недостасуваат потребните мерки.
СЗО разговара со заинтересираните земји за подготовка на стратегија за постепено и безбедно излегување од изолацијата и смета дека треба да бидат исполнети шест барања, пренесе Индекс.
Потребно е да се контолора пренесувањето на вирусот, да се обезбеди јавноздравствена и медицинска поддршка, како и да се минимизира ризикот во изложената средина, како што се здравствените установи за долготрајно лекување.
Исто така, треба да се воведат и превентивни мерки за работното место, во училиштата и на другите посетени други места, да се контролира ризикот од внесување на вирусот од странство и конечно на населението да му се довери одговорноста.
Секој поединец носи дел од својата одговорност во борбата против епидемијата, истакна Тедрос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.