Комитетот за итна помош за Ковид-19 при Светската здравствена организација (СЗО) ја предупреди меѓународната заедница дека низ светот најверојатно ќе се појават и ќе се шират нови, поопасни мутации на корона вирусот.
Предупредувањето, на брифинг во Женева, го испрати генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој ги информираше новинарите за препораките на комитетот на неговото осмо заседание вчера и денеска.
Комитетот предупреди за голема веројатност од појава и глобално ширење на нови и евентуално поопасни мутации на Ковид-19, кои можат да бидат уште потешки за контролирање – истакна Гебрејесус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.