Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека во Авганистан има резерви за само една недела, откако се блокирани испораките на медицинска опрема од странство.

Агенцијата на ОН е загрижена дека сегашниот пресврт во Авганистан може да доведе до нагло зголемување на бројот на заразени со корона вирусот.

Претставникот на СЗО, Ахмед Ал-Манхари, исто така, соопшти дека 95 отсто од здравствените установи во Авганистан остануваат во функција, но дека некои жени не се враќаат на своите работни места.

Испораките на повеќе од 500 тони медицински материјали од Дубаи, вклучувајќи хируршка опрема и комплети за неухранетост, се одложени поради ограничувањата на аеродромот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.