Минатата недела СЗО ја оцени состојбата во Европа како загрижувачка, поради порастот на случаи на ковид-19, полните болници и новите рестрикции во дел од земјите од ЕУ.
Според нив, доколку состојбата не се смири, до март, кога ќе се навршат две години од декларирањето пандемија, може во Европа да починат уште 700.000 лица, и бројот да се искачи на 2,2 милиони починати Европејци како последица на ковид-19.
Поради тоа, повторно апелираат за помасовна вакцинација, која само во одредени делови на Европа се одвива со задоволителна фреквенција. Во просек, вакцинирана е околу 67% од европската популација, но на пример во Бугарија стапката изнесува околу 24%, а во Португалија наближува до 90%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.