Маларијата е болест од која и понатаму секоја година заболуваат милион луѓе и од чии последици животот го губат околу 400.000 претежно деца, во Африка.

Причина за таквата црна статистика, според соопштението на Светската здравствена организација, е застојот во борбата против оваа болест. СЗО предупреди дека средствата кои се собираат за борба против маларијата, се без пораст, додавајќи дека половина од светската популација е под ризик да биде заразена од болеста.

Светската организација ги повика државните донатори и влади на земјите коишто се најмногу погодени од болеста, којашто ја пренесуваат комарци, да ја зајакнат борбата против неа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.