Светската здравствена организација (СЗО) повика дваесет светски лидери, кои се способни да ја исправат „срамната“ глобална нерамнотежа во достапноста на вакцините против Ковид-19, да се анагажираат до октомври за да го прекинат овој тренд.
Веројатно има дваесет луѓе во светот кои се клучни за справување со проблемот на неправдата. Тие ги водат големите компании кои се грижат за тоа, тие ги водат земјите што купуваат поголем дел од вакцината во светот и тие ги водат земјите што ја произведуваат. Очекуваме тие дваесет луѓе да кажат: „Ќе го решиме овој проблем до крајот на септември.Ќе се обидеме да добиеме 10 проценти (население) вакцинирани во секоја земја – изјави Брус Ајлвард од СЗО во директен контакт на социјалните медиуми на СЗО.
Ајлвард, оцени дека светот мора да чувствува „гадење“ поради таквата ситуација.
СЗО е се повеќе разочарана од овој морален скандал бидејќи богатите земји ги искористија залихите на вакцини, а земјите во развој едвај ги вакцинираат своите најранливи категории жители – вели Ајлвард.
Француските медиуми наведуваат дека низ целиот свет веќе се употребени речиси 4,5 милијарди дози од вакцината.
Во земјите со високи примања, има 104 дози на сто луѓе. Во 29 земји со најниски примања, доаѓаат само две дози на сто луѓе.
Сите заедно треба да се засрамиме – порача Ајлвард.
СЗО сака секоја земја во светот до крајот на септември да вакцинира најмалку 10 проценти од своето население, до крајот на годината најмалку 40 проценти и 70 проценти до средината на 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.