Пандемијата со „ковид“ ќе „продолжи една година подолго отколку што треба“ затоа што посиромашните земји не ги добиваат потребните вакцини, велат од Светската здравствена организација.

Доктор Брус Ајлвард,претставникот на СЗО, вели дека тоа значи дека кризата со ковид „лесно може да се одолговлечи длабоко во 2022 година“.

Помалку од 5% од населението во Африка се вакцинирани, наспроти 40%вакцинирани од другите континенти.

Претставникот од СЗО апелираше до богатите земји да ги отстапат своите места во редот за вакцини, со цел фармацевтските компании да им дадат приоритет на земјите со најниски примања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.