Претставничката на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија Мелита Вујнович денеска изјави дека пандемијата најверојатно ќе биде запрена во текот на 2021 година, но коронавирусот нема да исчезне.

Според официјалните статистички податоци, досега повеќе од 75,7 милиони луѓе биле заразени со вирусот, а повеќе од 1,6 милиони починале од последици на Ковид-19, објави ТАСС.

Досега, во Русија се потврдени 2.819,429 случаи на коронавирус, починале 50.347, а оздравеле 2.254,742 лица.

Руската влада отвори онлајн комуникација со цел навремено да ја информира јавноста за состојбата со епидемијата на коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.