Пандемијата сè уште се шири, но зголемувањето на бројот на нови инфекции и смртни случаи од последиците од Kовид-19 е забавено на глобално ниво.

Како што се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО), Исклучок се Југоисточна Азија и Источниот Медитеран.

Во неодамнешниот извештај за пандемија објавен во понеделникот, СЗО објави дека Северна и Јужна Америка продолжуваат да бидат најтешко погодените региони, со половина од новозаразените над 1,7 милиони и 62 проценти од 39.240 смртни случаи потврдени минатата недела,како на последица на Ковид-19.

Во текот на минатата недела, бројот на заразени лица опаднал за четири проценти во однос на претходната недела, додека бројот на мртви се намалил за 12 проценти.

Југоисточна Азија, втора во светот во однос на сериозноста на епидемиолошката состојба, објави зголемување на бројот на новозаразени за 28 проценти, додека бројот на починати од корона вирусот се зголемил за 15 проценти.

Бројот на заболени од Ковид-19 во источниот медитерански регион исто така е зголемен за четири проценти, додека бројот на смртни случаи како резултат на оваа болест постојано се намалува во последните шест недели.

Минатата недела имало осум до единаесет проценти помалку нови инфекции и смртни случаи од коронавирус во Африка.

Во Европската Унија, бројот на нови пријавени случаи на Ковид-19 постојано се зголемува во последните три недели.

Во текот на минатата недела, беојката само малку се зголемила, за еден процент, додека бројот на смртни случаи продолжува да расте.

Регионот на Западен Пацифик бележи пад од пет проценти на нови инфекции.

Според статистичките податоци на Ројтерс, над 23,65 милиони луѓе во светот досега биле заразени со корона вирусот, додека 811.895 пациенти починале како резултат на болеста предизвикана од него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.