Омикрон-варијантата на коронавирусот е присутна во 38 држави.

Информацијата денеска ја соопшти Марија ван Керхове, експерт од Светската здравствена организација (СЗО). Таа рече дека не е јасно дали тековните вакцини се ефикасни против новиот сој.

Има претпоставки за зголемна стапка на пренос, а податоците сугерираат дека омикрон-сојот предизвикува заболување со симптоми што може да осцилираат од благи до тешки и потребно е време да се утврди дали овој сој е одговорен за зголемувањето на бројот на хоспитализации во Јужна Африка. СЗО повика на затегнување на епидемиолошките мерки. Сојот се појави во Јужна Африка, но за месец дена може да биде доминантен во Европа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.