Светската здравствена организација (СЗО) се надева дека во следните две недели ќе одобри итна употреба на вакцината на AstraZeneca против коронавирусот, изјави денеска главниот научник на оваа агенција на ОН, Сумија Сваминатан.

Се надевам дека тоа ќе се случи во следните две недели, доколку се одвива сѐ според планот, истакна Сваминатан.

Таа додаде дека откако ќе бидат собрани сите податоци и ќе се издаде дозвола, дози ќе почнат да пристигнуваат и од производители од Индија и Јужна Кореја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.