Експертите од Светската здравствена организација сметаат дека коронавирусот е можно да се проширил на луѓето преку јазовци и зајаци, и самите заразени со коронавирус, а биле продавани на пазарот во Вухан.
„Волстрит журнал“ пишува дека членовите на експертската група на СЗО сметаат дека е потребна натамошна истрага за да се идентификуваат пренесувачите на овие и другите видови. Се уште не е јасен целосниот список на животни кои биле легално или нелегално продавани на пазарот.
Експертите на СЗО, исто така, ја повикаа Кина да спроведе големи тестирања на животните на фармите за нутрии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.