Државите во кои епидемијата на коронавирусот се повлекува сѐ уште не се безбедни и би можеле да се соочат со втор бран доколку пребрзо ги попуштат мерките, соопшти денес Светската здравствена организација (СЗО).

Светот е сѐ уште на средината на првиот бран на коронавирусот, кажа денес на онлајн брифингот доктор Мајк Рајан, кажувајќи дека вирусот не се повлекува во сите земји, туку забрзано се шири во Централна и Јужна Америка, Азија и Африка.

Тој напомена дека епидемиите обично одат во бранови, што би значело дека вирусот би можел да се врати кон крајот на оваа година во оние области каде што првиот бран е сузбиен. Како што додаде постои можност да се зголеми бројот на заразените во оние области каде мерките се пребрзо попуштени.

Кога станува збор за вториот бран најчесто мислиме, по минувањето на првиот бран, вирусот да се врати за некој месец, и потоа реалноста на многу земји ќе биде зголемување на бројот на позитивните случаи за кратко време“, кажа Рајан.

Тој додаде дека земјите во Европа и Северна Америка треба да продолжат со спроведување на здравствените и социјалните мерки, мерките на надзор, мерките на тестирање и сеопфатната стратегија за да обезбедат продолжување на опаѓање на кривата и да избегнат втор врв.

Мораме да бидеме свесни за фактот дека болеста може нагло да „скокне“ кога било. Не можеме да претпоставуваме дека само затоа што бројот на заразените опаѓа сега, дека тој ќе продолжи да опаѓа и дека ќе имаме неколку месеци за вториот бран“, кажа тој.

Можно е врвот да го добиеме и во овој бран“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.