Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Западен Пацифик, Такеси Касаи, корона вирусот се повеќе го шират лица на возраст од 20, 30 и 40 години, а многу од нив не се ни свесни дека се заразени.

Касаи порача дека присуството на вирусот кај оваа популација, во отсуство на симптоми на болеста, го зголемува ризикот од зарази на припадниците на високоризичните групи.

Во овие групи спаѓаат постарите лица, хронично болните на кои им е потребна долготрајна нега и луѓето кои живеат во густо населени подрачја со лоши услови за живот.

Бројот на заразени со корона вирус ширум светот надмина 22 милиони. До сега како последица од вирусот животот го загубија околу 777.000 луѓе.

Вчера бројот на заболени порасна за 180.773 лица. Најмногу новозаразени во еден ден пријавила Индија – 54.255, следуваат САД со над 37.000 и Бразил со близу 20.000 нови случаи на Ковид-19.

Активни случаи во овој момент има над 6,5 милиони ширум светот, а во критична состојба се над 64.ооо заболени.

Најмногу заразени и починати и натаму има во САД, каде вкупно позитивни на вирусот се над 5.600.000 лица, а починале повеќе од 180.000.

На второ место е Бразил со речиси 3.360.000 заразени, на трето место е Индија каде позитивни на корона вирусот се повеќе од 2.700.000 лица.

Следува Русија, која е четврта со свет, а прва во Европа со 927.745 заболени лица.

Бројот на заболени лица ширум светот во последниот месец се зголемува за еден милион на речиси секои четири дена, 21 милион заразени лица имаше ноќта меѓу 13 и 14 август.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.