Автохтоните заедници кои што по бројност се половина милион луѓе ширум светот, особено се ранливи на пандемијата коронавирус, често поради лошите животни услови, предупреди Светската здравствена организација.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан Гебрејесус изјавил дека од 6-ти јули биле пријавени над 70.000 случаи меѓу староседелските народи на американскиот континент и над 2.000 починати, пренесува „Ројтерс“.

Тој ги повикал народите да ги преземат сите неопходни здравствени мерки, со особено нагласување на барањето на контактите, за да се обидат да го сопрат ширењето на Ковид-19.

Не мора да ја чекаме вакцината. Мора да спасуваме животи сега – изјавил Тедрос на виртуелниот брифинг во седиштето на СЗО во Женева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.